Image by tawatchai07 on Freepik

24.03.2023 Скопје

Во февруари во ЕУ за првпат се регистрирани 802.763 автомобили, што е за 11,5 отсто повеќе од февруари минатата година.

Во однос на јануари, растот во февруари зајакна за 0,2 процентни поени. Бројот на први регистрации на целосно електрични автомобили се зголеми за 39,7 отсто на 97.300, зголемувајќи го нивниот пазарен удел на 12,1 отсто.

Како што соопшти Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), податоците за февруари се полоши на годишна основа, имајќи предвид дека почетокот на минатата година беше одбележан со проблеми со снабдувањето поради недостигот на суровини во автомобилската индустрија.

Во првите два месеци од оваа година, за прв пат во ЕУ се регистрирани нешто помалку од 1,6 милиони автомобили, што е за 11,4 отсто повеќе отколку во истиот период во 2022 година. Сите четири клучни пазари на автомобили во ЕУ забележаа раст: Шпанија за 32,1 отсто, Италија за 18,2 отсто, Франција за 9,1 отсто и Германија за 0,2 отсто.

Во февруари, бројот на први регистрации на хибридни автомобили на годишно ниво се зголеми за 22,3 отсто на 204.883, зголемувајќи го нивниот пазарен удел на 25,5 отсто.

Во меѓувреме, бројот на првите регистрации на plug-in хибриди падна за 7,4 отсто на 57.569, што ACEI го припишува на големиот пад на побарувачката во Германија поради крајот на субвенционирањето за купување на plug-in хибриди.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author