https://www.facebook.com/photo.php?fbid=780816520075927&set=pb.100044427579784.-2207520000.&type=3

20.03.2023 Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја започнува работнатa посета на Франција, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов.

Од кабинетот на претседателот информираат дена, Пендаровски утре во седиштето на УНЕСКО во Париз ќе се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов, настан во рамки на одбележувањето на „2023 – Година во чест на Ацо Шопов”, што се реализира под покровителство на македонскиот претседател.

Исто така, претседателот Пендаровски ќе присуствува на поетски перформанс и изложба во чест на Шопов, а ќе оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *