https://www.flickr.com/photos/ennler/15120694388/in/photolist-p3avDo-2gQsbkm-2nH2QmW-2nm5BpA-63gz3i-rGUaqV-2nmH4Fv-2n1SahG-2n1hUX9-e5wi46-2nqDnfB-63gz1R-63kPdG-2id9jAR-QdyBTM-mBMnAv-uucdvm-2n9LY89-2nqpRPv-vqheFv-2nfY7aY-2cjsMki-2mMhxrL-ZwijtN-qokM9J-YbuE2i-pgWLdD-2mtkyEf-2mFoLhK-2nqNocL-pN6kqs-opNxnD-eJXsfZ-299nUJw-brEJJ7-2nqH2p2-goHBZX-goHvkU-2hKjC2K-2nqDs5y-goJ66F-goJ8kw-goHKWt-2njQjU5-2nqNpB4-2mQ7YTq-TxoJty-drWNuU-2makUpV-ZL3ZBm

29.03.2023 Скопје

Медиумите во Украина објавија дека претседателот Володимир Зеленски го поканил кинескиот претседател Си Џинпинг да ја посети Украина.

Си не разговарал со Зеленски уште од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година, но Кина минатиот месец објави план од 12 точки за „политичко решение на украинската криза“.

Од САД го отфрлија предлогот, велејќи дека Кина нема кредибилитет бидејќи одби да ја осуди Русија за нејзината инвазија на Украина. Соединетите Држави велат дека прекинот на огнот во овој момент ќе ги консолидира руските територијални придобивки и ќе и даде на руската војска повеќе време да се прегрупира.

Украина го поздрави дипломатскиот ангажман на Кина, но Зеленски изјави дека ќе ги разгледа мировните решенија само откако руските трупи ќе ја напуштат украинската територија.

Дали кинескиот претседател ќе ја прифати поканата на Зеленски за посета на Украина или повторно ќе ја бојкотира се уште не е познато.

Подготвено од М.Н.

About Author