29.03.2023 Скопје
Полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога во текот на вчерашниот ден го приведоа 37-годишниот А.М. од Скопје, соопштија од МВР.
При претрес во дом во Скопје, кај А.М. се пронајдени 61 пакувања и една тегла со марихуана. Тој е приведен во полициска станица и до надлежното обвинителство е поднесена соодветна кривична пријава, по што од судија му е одредена мерка притвор од 30 дена, стои во соопштението на МВР.
Подготвено од М.Н.