https://twitter.com/nexta_tv/status/1585163064810229760/photo/1

22.03.2023 Скопје

Просториите во седиштето на Мерцедес-Бенц во Синделфинген, во близина на Штутгарт, беа претресени како дел од истрагата против двајца менаџери на компании кои се обвинети за корупција.

Обвинителството во Штутгарт соопшти дека акцијата се спроведува поради сомневање за корупција при деловни процеси.

Германските медиуми пишуваат дека се работи за истрага против двајца менаџери на Мерцедес-Бенц кои примиле мито „во износ од милиони“ во замена за обезбедување договори за добавувачи.

Медиумите пренесуваат дека осомничените се заслужни што успеале да влијаат на изборот на одредени добавувачи.

При претресот, кој беше извршен на крајот на минатата недела, во одделенијата за набавки се одземени еден мобилен телефон и еден компјутер.

Компанијата соопшти дека претресот е извршен по иницијатива на самиот Мерцедес-Бенц.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author