31.03.2023 Скопје
Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, вчера заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ ја започна својата официјална посета на Белград со прошетка на шеталиштето покрај Сава во Белград.
Српскиот претседател Вучиќ на Инстаграм објави фотографија од прошетката и напиша дека со гордост му покажува на премиерот Ковачевски колку се изградил Белград.
Премиерот Димитар Ковачевски е во официјална посета на Србија и ја предводи македонската делегација во која се неколку министри.
За време на посетата на Белград, за денес се очекува да бидат потпишани три меморандуми за меѓусебна заедничка соработка.
Подготвено од М.Н.