30.03.2023 Скопје
Речиси 2,5 милиони работници во германскиот јавен сектор веќе неколку дена штрајкуваат, а откако преговорите за платите пропаднаа, најверојатно ќе биде покрената арбитражна постапка, која ќе ги прекине штрајковите на одредено време.
Третата рунда преговори која траеше три дена заврши без резултати, соопшти германскиот синдикат Верди и градскиот транспорт ДББ.
„И покрај јасното движење, работодавачите не беа подготвени да направат доволно отстапки за вработените дури и кога беше во прашање минималниот износ“, рече шефот на Верди, Франк Вернеке.
Министерството за внатрешни работи на Твитер објави дека преговорите ќе влезат во арбитражна постапка, со вклучување на независен посредник на преговарачка маса, а во текот на овој процес работниците може да не штрајкуваат.
„Арбитражниот процес покажува дека германскиот систем на колективно договарање функционира, така што и двајцата партнери се заинтересирани да најдат решение“, изјави аналитичарот VP Bank Tomas Gitzel.
Во понеделникот, железницата и аеродромите низ Германија беа речиси запрени поради штрајкот, за кој синдикатот Верди рече дека е најголем од 1992 година во најголемата европска економија, бидејќи зголемената инфлација ги поттикна барањата за повисоки плати.
Подготвено од А.Ѓ.