https://twitter.com/Reuters/status/1641329498141360129/photo/1

30.03.2023 Скопје

Гувернерот на провинцијата изјави дека траектот, на кој биле 250 патници и членови на екипажот, се запали и најмалку 31 лице загина.

Џим Хатаман, гувернерот на провинцијата Басилан, изјави дека многу од преживеаните имаат скокнато од траектот во паника од интензитетот на пожарот и се извлечени од крајбрежната стража, морнарицата, друг траект и локален рибар.

Гувернерот додаде дека повеќето од луѓето на „МВ Лејди Мери Џој 3“ биле спасени во текот на ноќта, но властите дополнително ги проверуваат информациите од различни извори, што укажува дека бројките може да бидат различни.

„Меѓу загинатите има и три деца, кои најверојатно се одвоени од нивните родители, а најмалку 23 патници се повредени и пренесени во болници“, додаде гувернерот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author