https://www.facebook.com/photo/?fbid=597006565577993&set=a.378425754102743

13.03.2023 Скопје

Повеќе од 1,3 милиони ученици во турските провинции Газиантеп, Адана и Османије, кои беа погодени од разорен земјотрес пред еден месец, денеска се вратија на училиште.

Околу 662.500 ученици во Газиантеп, 497.850 во Адана и 137.760 во Османије продолжија со наставата по реновирањето и поправката на училишните згради оштетени во земјотресот на 6 февруари што ја погоди јужна Турција и уби речиси 48.000 луѓе.

Повторно почна наставата во училиштата по одобрение од Министерството за животна средина, урбанизација и климатски промени, јавува Анадолија.

Во меѓувреме, продолжуваат подготовките за продолжување на наставата на 27 март во провинциите Адијаман, Малатија, Кахраманмараши Хатај.

Повеќе од 13 милиони луѓе беа погодени од разорните земјотреси што погодија 11 турски провинции – Кахраманмарас, Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије, Елазиг и Шанлирфа. Многу училишта и домови примија и преживеани од земјотресот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author