https://www.flickr.com/photos/107419833@N07/15630227516/in/photolist-2mLBU6w-pPc16j-2i1L1YP-2j96C7B-2j3dkKZ-C7L8oE-2kVwZu1-2neBaDH-2n2mKKp-QwEDWD-2iWJkZZ-nPxtbe-22odYd5-KByECr-2hHdpgq-2mw5Hhe-2kd4of8-F1J7Gd-yRZo4K-2kMSCo7-9j3Dke-2ksYy4S-2nkfyWk-oFoCVp-2mXTeGU-2m3AZFv-JPLk3C-2hvb7Zc-2kuSzmc-2iF2qC9-2ktq7FX-o6BLmv-2jhZMVb-X1qgfb-2mWsjRq-2kRPkW7-PpsWrJ-Vw7Dbh-jffssX-2jESR9r-EeHy16-2jfrKoK-2nLeWCn-2iDvuub-2jhYwgw-2jtUyH2-DWS2Us-oNBrXt-WKEcqo-Ujbxyv

10.03.2023 Скопје

Италијанските власти донесоа построги затворски казни за шверцерите на мигранти по неодамнешната смрт на најмалку 72 мигранти во Калабрија.

Во италијанскиот град Стекато ди Кутро се одржа состанок на Советот на министри во врска со неодамнешната смрт на мигрантите во Калабрија, која се случи недалеку од тоа место.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони истакна дека се решени да ја победат трговијата со луѓе, која е одговорна за оваа трагедија. Исто така, таа додаде дека Италија ќе преземе мерки против шверцерите фатени на бродови, како и оние во трети земји кои организираат често смртоносни премини на мигранти.

Според новите мерки, предизвикување тешка повреда или смрт како последица на криумчарење луѓе се казнува со затвор до 30 години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author