lekovi

01.02.2023 Скопје

Од денеска поголемиот дел од лековите што не се издаваат на рецепт се продаваат по повисоки цени во аптеките ширум светот. Се работи за ОТЦ-лековите, како што се најразличните додатоци во исхраната, разновидните витамински препарати, шумливите таблети, пастилите, мастите, хербалните сирупи, препаратите со минерали, средствата за дезинфекција. Сите овие лекови се најчесто наменети за подигање на имунитетот, анемичност и слично.

Процентот на зголемување на цената на ОТЦ-лековите е различен и зависи од кој производител се. Генерално, се работи за препарати што се увезуваат. Но, има и производители, иако нивниот број е мал, што не ги зголемија цените.

Од Здружението на фармацевти уште во февруари најавија дека во март ќе има зголемување на цените на некои лекови, бидејќи им било најавено тоа од фармацевтските компании.

Засега, цените на лековите што се издаваат на рецепт и се под Фондот за здравство, остануваат исти. Единствено проблем што може да се очекува е да има недостиг на лекови, како што е случај тоа во некои земји од регионов. Има поплаки од пациентите, кои генерално се жалат за недостиг на лекови што се земаат од болничките аптеки и се наменети за посериозни заболувања. За недостиг на лекови реагираат од здруженијата за ретки болести.

Се качуваат и цените на додатоците што се наменети за најмалата популација. Се очекува нова цена за вештачките млека, разните кашички, пелените и влажните марамчиња.

ОД 1 МАРТ ЌЕ ПОСКАПАТ НЕКОИ ЛЕКОВИ КОИ СЕ КУПУВААТ БЕЗ РЕЦЕПТ

Подготвено од А.Ѓ.

About Author