25.03.2023 Скопје
Министерството за внатрешни работи со соопштение ги извести граѓаните на Град Скопје, дека утре (26.03.2023), со почеток во 10.00 часот поради најавена атлетска трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на планината Водно.
Рутата на движење на атлетската трка е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до Манастирот Св. Пантелејмон и обратно, стои во соопштението од МВР.
Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот по околните сообраќајници, а од МВР упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Подготвено од М.Н.