21.03.2023 Скопје
Францускиот претседател Емануел Макрон и натаму е под голем притисок. Тој за денеска закажа серија консултации со француската премиерка, а потоа ќе има работен ручек со претседателите на двата парламентарни дома Јаел Браун-Пивет и Жерар Ларше, пренесуваат француските медиуми.
Консултациите доаѓаат во време на повиците до Владата да поднесе оставка поради пензиските реформи. Опозицијата има намера да се обрати до Статутарниот совет на Франција во врска со усвоениот предлог-закон.
Макрон соопшти дека утре ќе и се обрати на нацијата во обид да ги смири тензиите. Неговото обраќање ќе биде во форма на интервју што ќе го даде за француските медиуми „Тееф 1“ и „Франс 2“. Интервјуто ќе се пренесува во живо на овие две телевизии со почеток во 13 часот по локално време.
Подготвено од М.Н.