21.02.2023 Скопје
Синоќа на улиците на Париз биле распоредени 2.000 полицајци, каде за време на немирите биле повредени 11 полицајци и жандарми, а биле уапсени и 234 лица, јавуваат француските медиуми.
Пожарникарите во Париз гаснеа 240 запалени купишта ѓубре, кои останаа на улиците на француската престолнина поради штрајкот на комуналните работници.
Синдикатите и опозициските партии најавија дека ќе ги интензивираат протестите во обид да ја спречат реформата на пензискиот систем со која се предвидува покачување на минималната старосна граница за пензионирање од 62 на 64 години.
Обидот за гласање недоверба на француската влада вчера го поддржаа 278 пратеници, само девет помалку од потребниот број од 287 за успешно гласање.
Подготвено од М.Н.