30.03.2023 Скопје
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека учеството на руски и белоруски спортисти на меѓународни спортски настани организирани од Полска ќе биде забрането, дури и под условите препорачани од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), односно да учествуваат под неутрално знаме.
Матеуш Моравјецки додаде дека официјална Варшава нема да ги спречи полските спортисти да учествуваат на натпревари на кои има и Руси и Белоруси, но дека властите ќе се обидат да се поврзат со други земји кои имаат моќ да вршат притисок врз МОК.
„Одлуката на Меѓународниот олимписки комитет да им дозволи на руските спортисти да се вратат на натпреварите е скандал и предавство на вистинскиот дух на спортот. Побарав од министерот за спорт Камил Бортничук да го пренесе нашето цврсто противење на МОК. Ќе направиме се што е во наша моќ за да обезбедиме спортот да остане ослободен од руското влијание“, остро реагираше полскиот премиер Моравјецки.
Подготвено од М.Н.