deca ukraina

01.03.2023 Скопје

Полска ќе покрене заедничка иницијатива со Европската комисија за следење на украинските деца кои беа киднапирани од Русија за време на инвазијата на Украина, со што ќе се погрижи одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Под раководство на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и полскиот премиер Матеуш Моравјецки, проектот ќе биде поддржан од агенциите на ОН, како што најави портпаролката на Комисијата, Дана Спинант.

Извршната власт на ЕУ ќе соопшти повеќе за иницијативата во наредните денови, изјави портпаролката на брифингот за медиумите.

Откако Русија ја нападна Украина минатата година, различни меѓународни тела го обвинија Кремљ за насилно депортирање на украински деца во Русија или на териториите под контрола на Русија. Според податоците на Украинското обвинителство, од избувнувањето на руската војна во Украина, 16.000 деца биле киднапирани и однесени во Русија.

Претходно оваа година, германското и холандското министерство за надворешни работи ја осудија Москва за, како што ја нарекоа, „сурова“ и „нехумана“ политика на „распарчување на семејствата“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author