30.03.2023 Скопје
Министерот за земјоделство на Полска, Хенрик Ковалчик, најави дека Варшава ќе побара од Европска комисија да ја врати царината за житото од Украина, кое наместо само да транзитира низ Полска и да биде извезено во земјите од Африка и Азија, во голема мера пристигнува на пазарот на земјите-членки на ЕУ.
Полската Влада, со барање да ги врати царините и да плати депозит еднаков на разликата меѓу украинските и полските цени при увоз додека стоката не се извезе, ќе создаде и можност за извоз на украинското жито, што е складирано во силосите во Полска, како хуманитарна помош, а исто така ќе се бараат нови пазари.
Покрај полските и во соседна Чешка земјоделците протестираа поради пониските откупни цени на житото и поради „тесното грло“ во полските пристаништа на Балтикот, каде има нема доволно капацитет за брз претовар на толкави количини жито во бродови, а за домашните производи нема место.
Ковалчик вети дека Владата ќе издвои две милијарди евра за да ги надомести загубите на полските земјоделци на пазарот за жито и канола.
„Превозот на жито ќе има приоритет во транспортот и логистиката, исто како што имаше јагленот во текот на зимата“, посочи Ковалчик. Чешка ја поддржа полската иницијатива украинското жито да се извезува преку така наречените солидарни коридори, но да има засилени контроли.
Подготвено од М.Н.