01.03.2023 Скопје
Општина Гази Баба соопшти дека продолжува мерката за доделување на финансиска помош од 5000 денари за секое новороденче на територија на општина Гази Баба, која првпат започна да се спроведува минатата година.
Градоначалникот Бобан Стефковски информира дека во 2022 година, 420 семејства ја искористиле можноста и добиле финансиска помош од 5000 денари, објаснувајќи дека реализацијата на овој проект доаѓа од неговата изборна програма со која ја побарал довербата од граѓаните и мерката продолжува со имплементација и во 2023 година.
Стефковски ги повика сите семејства со новороденче да аплицираат и да ја искористат оваа можност.
Подготвено од А.Ѓ.