30.03.2023 Скопје
Директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска изјави дека Приштина нема намера некогаш да дозволи формирање на заедница на српски општини /ЗСО/, дека се крие зад т.н. Суд, и дека е јасна тактика повторно да се излаже Брисел.
Реагирајќи на изјавата на министерот за култура, млади и спорт на самопрогласено Косово, Хајрулах Чеку, дека е можно да се формира ЗСО, што се бара во анексот за спроведување на договорот со Србија, но дека „ веднаш ќе се разгледува пред Уставниот суд, каде повторно ќе пропадне“, рече Петковиќ дека „нема да помине“.
„Тактиката на Приштина е кристално јасна повторно да го измами Брисел и да избегне формирање на ЗСО, во согласност со четирите потпишани договори. Сега таканаречениот министер на Курти го потврди тоа црно на бело и им покажа на сите кои ги прекршуваат договорите“, напиша Петковиќ на Твитер.
Подготвено од А.Ѓ.