13.03.2023 Скопје
Кога имаме главоболка, прво посегнуваме по лекови, но треба да се свртиме кон помудар избор на храна.
Доколку ве мачи главоболка, освен лекови може да ви помогне и храната, како што се бананите, семињата, билните чаеви, чоколадото и печурките.
Ако чувствувате дека доаѓа напад на мигрена, наместо преработена храна како слатки, подобро е да се свртите кон бананите. Нивната тајна е во тоа што брзо даваат многу енергија и содржат многу магнезиум, кој благотворно делува на луѓето кои страдаат од главоболки. Освен тоа, дури 74 отсто од бананата е вода, па затоа е одлична и за хидратација на организмот.
Со оглед на тоа дека недостатокот на магнезиум е еден од најчестите нутритивни предизвици, надополнувањето на овој минерал е задолжително, а во големи количини може да се најде во чија семките, семките од тиква и ленот.
Покрај тоа што чајот хидрира, ако внимателно ја изберете билката, можете да ги ублажите симптомите на мигрена. На пример, нането е познато по тоа што го ублажува притисокот во пределот на синусите, што е чест симптом на синусната главоболка, а чајот од нане ќе помогне и кога се вдишува и кога се пие.
Ако имате главоболка затоа што сте го намалиле или целосно сте го исклучиле кафето, јадете повеќе чоколадо. Покрај тоа, темното чоколадо е богат извор на магнезиум.
Во некои случаи, главоболките се јавуваат поради слабата апсорпција во цревата, каде што витаминот Б2 може да помогне. Најмногу го има во печурките, потоа коскеното овошје и јајцата, а делува и како превенција од главоболки поврзани со мигрена.
Подготвено од А.Ѓ.