svlechishta vo peru

24.03.2023 Скопје

Владата на Перу ќе потроши 1,06 милијарди долари за климатски мерки во обид да ги спречи негативните влијанија кои произлегуваат од климатските промени.

Перу претрпе големи временски катастрофи во последниве години. Само во 2017 година, временските услови поврзани со Ел Нино предизвикаа најмалку 162 смртни случаи и сериозна штета на инфраструктурата, вклучувајќи патишта и мостови, што е еквивалентно на два отсто од економијата на земјата.

Неодамнешните дождови и поплавите што го следеа силниот циклон Јаку предизвикаа штета од над 300 милиони долари во инфраструктурата во јужноамериканската земја.

Перуанскиот министер за економија Алекс Контрерас го објави ова за време на состанокот на владата со претседателот Дино Болуарте, истакнувајќи ги значителните ризици од климатските настани кои можат да влијаат на економското здравје на земјата.

За време на состанокот на владата, премиерот Алберто Отарола истакна дека очекуваното затоплување најверојатно ќе продолжи во јули, со повисоки од нормалните врнежи во април и јуни, кога повторно ќе биде значителен ризикот од голем број на поплави.

Подготвено од М.Н.

About Author