kultura 1

14.03.2023 Скопје

Најновата балетска продукција на Националната опера и балет, современиот балет во 3 слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, на сцената на НОБ ќе биде изведена на 18 март (сабота) со почеток во 12 часот.

Приказната за „Пепелашка“ во модерна верзија е преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а со кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ. Костимографијата е на Катерина Радошевиќ-Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук – Георг Драушник (Хрватска), асистент кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија).

Настапуваат солистите: Христина Наќевска, Билјана Басмаџиева-Ковачевски, Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Саша Евтимова, Марија Јосифовска-Ристовска, Цветанка Максимоска, Ангела Богатинова, Ендру Кук, Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска, како и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author