29.03.2023 Скопје
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на денешната прес-конференција со претседтаелот на Австрија, Александер ван дер Белен, во врска со уставните измени изјави дека оние кои мислат дека преговарачката рамка со ЕУ не е добра и дека кога би дошле на власт би направиле подобра, не знаат како функционираат механизмите во Европската Унија.
Пендаровски најави дека деновиве во рамките на Министерството за правда ќе се формира работна група од експерти која треба да почне да ги составува амандманите и во која ќе има експерти предложени од Владата и од претседателот.
Претседателот Пендаровски додаде и дека според него, самата содржина на амандманот е бенигна и на ниеден начин не ги загрозува сувереноста, независноста и европски пат на Република Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.