10.03.2023 Скопје
Продажбата на автомобили на кинескиот пазар потона за 20 отсто во првите два месеци од оваа година.
Кинеската асоцијација за патнички автомобили (СРСА) соопшти дека во Кина, во февруари се продадени 1,42 милиони возила, што е за 10,4 отсто повеќе од ниската основа за споредба во февруари минатата година, кога деловната активност беше намалена поради прославите на кинеската Нова година.
Податоците на здружението покажаа дека во февруари, продажбата на нови енергетски возила (NEV), кои вклучуваат целосно електрични автомобили на батерии и plug-in хибриди, се зголеми за 61 отсто, посилна од вкупниот пазар.
Минатата година владата во Пекинг ги продолжи даночните олеснувања за купување на вакви автомобили, а локалните власти исто така се обидоа да ја поттикнат продажбата со стимулации.
Електричните возила и хибридите сочинуваа повеќе од 30 отсто од целата продажба на нови автомобили.
Домашните производители на електрични возила го следеа примерот на американската Тесла и ги намалија цените, што им овозможи да ги намалат цените на батериите. Во февруари, најпродаваниот бренд за патнички автомобили во Кина беше BYD, надминувајќи го Volkswagen по втор пат за четири месеци.
Подготвено од А.Ѓ.