ping pong turnir skopje

27.03.2023 Скопје

Овој викенд во Скопје се одржа најпрестижниот турнир во пинг понг во Република Северна Македонија, државно првенство за сениори и сениорки во категорија поединечно, двојки и мешани двојки. Првенството се одржа во СЦ Борис Трајковски, а учество земаа околу 80 натпреварувачи од клубови од целата држава.

Кристијан Станојковски од ППК Крива Паланка по 12ти пат стана Државен првак и со тоа се врати на првото место на ранг листата.

Најмладата која што стигна до медал е Сара Ризовска (13 години) од ППК Берово која во двојки со Васе Богоеска се закитија со бронзен медал.

Подготвено од М.Н

About Author