04.03.2023 Скопје
Децата обично се згрозуваат кога ќе видат само едно залче карфиол или брокула, но една нова научна студија открива дека специфичен ензим во плунката, може да го смени вкусот на овој зеленчук и да го направи исклучително непријатен за некои деца.
„Ензимот наречен цистеин лиази, го создаваат различни типови на бактерии кои живеат во нашата уста. Истиот ензим го има и во клетките на зеленчуците кои потекнуваат од растението брасика, како што се зелката, брокулата и карфиолот. Така, кога ќе гризнеме парче брокула, овие ензими се излеваат од нивнте контејнери за складирање во составните клетки на зеленчукот“, тврдат научниците.
Ензимите го разградуваат соединението наречено метил-цистеин сулфоксид (SMCSO) во растителниот зеленчук, и овој процес на распаѓање го трансформира соединението во молекули со остар и непријатен мирис.
Научниците се сомневаат дека децата кај кои плунката продуцира поголемо количество на ензимот цистеин лиази, кај нив ќе биде поизразено гадењето од овие зеленчуци.
Според новата студија објавена на 22 септември, научниците откриле дека плунката и кај возрасните и кај децата, продуцира „смрдливи“ соединенија, без оглед на тоа дали тие ги сакаат овие зеленчуци или не. Од друга страна пак, децата чија плунка продуцира поголема концентрација на овие ензими, тие многу повеќе мразат брокула од останатите испитаници.
Водечкиот автор на оваа студија, Демијан Френк, кој е научник за хемискиот состав на храната на Универзитетот во Сиднеј истакна и дека децата се чувствителни и на соединението наречено диметил трисулфид (DMTS), мирис кој е нуспроизвод на распаѓањето на метил-цистеин сулфоксид (SMCSO), и воедно мирис што се ослободува со распаѓање на месото.
Подготвено од М.Н.