8mo martovski marsh

06.03.2023 Скопје

На Меѓународниот ден на жената ќе се одржи осмомартовски протест за женските права под слоганот „Ќе преживеат ли жените овде?“.

Во текот на денешниот ден во паркот „Жена Борец“ се одржа прес-конференција на платформата за родова еднаквост каде се најави осмомартовскиот марш со цел на едуцирање, поддршка и рушење на родовите стереотипи.

Во среда, на 8. март, во 18 часот ќе се одржи маршот со почетна точка од плоштадот „Филип Втори“ во Скопје.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author