Image by Freepik

22.03.2023 Скопје

Општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на електричен тротинет, на граѓаните кои ќе купат нов електричен тротинет во Република Северна Македонија во период од денот на објавување на јавниот повик до 30 ноември 2023 година односно до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Гази Баба, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на електричен тротинетот.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека е во тек јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на електрични тротинети.

Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Гази Баба, кои ќе купат нов електричен тротинет во Република Северна Македонија во период од денот на објавување на јавниот повик до 30 ноември 2023 година односно до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Гази Баба, и кои немаат искористено субвенција за купување на електричен тротинет.

Градоначалникот Стефковски ги повикува граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author