evropska unija eu zname

24.03.2023 Скопје

Лидерите на Европската унија на самитот во Брисел го поздравија договорот од Охрид, Белград и Приштина и побараа договорот да се спроведе брзо и со добра волја. Беше констатирано дека договорот од Охрид станува составен дел од патот за евроинтеграции на двете страни.

На крајот од првиот дел од самитот на лидерите на ЕУ, во кратка дебата, Јосеп Борел, шефот на дипломатијата на Унијата, ги презентираше договорите од 27 февруари во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и Анексот за договорена имплементација неодамна во Охрид.

По дебатата, лидерите донесоа заклучоци во кои го поздравуваат договорот во Охрид, повикуваат на негово брзо спроведување со добра волја и оценуваат дека тој претставува составен дел од патот кон евроинтеграциите на двете страни.

Тоа значи дека договорот за имплементација е вграден во преговарачката рамка и во Поглавјето 35 за Србија.

Вториот дел од самитот беше одбележан со собир на лидерите од еврозоната, на кој учествуваат 19 земји. Главна тема беше отпорноста на банките од ЕУ на шокови кои потекнуваат од другата страна на Атлантикот во светлината на банкротот на Банката на Силиконската долина, која стигна до Швајцарија.

Шефот на Европската централна банка Кристин Лагард разговара со лидерите дали тоа може да се пренесе и во еврозоната.

Официјалните лица тврдат дека европскиот финансиски систем е поотпорен и дека реформите се спроведени, иако критичарите истакнуваат дека тие не се целосно спроведени.

Се разговараше и за тоа дека Банкарскиот сојуз се уште целосно го нема имплементирано системот за контрола и гаранција на депозитите во банките на целата територија на ЕУ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author