04.03.2023 Скопје
Министерството за внатреши работи и Бирото за јавна безбедност на координативен состанок во Владата го презентираа новото упатство за постапките и мерките што ги презема МВР по добиена информација, сознание или дојава за терористички загрозувања и по основ на упатството разработен е план за мерки и активности за спроведување.
Дополнително, се работи и на упатство со мерки од страна МОН до директорите на сите училишта кои ќе имаат обврска да ги применуваат.
На состанокот на кој присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, беше нагласено дека МВР ќе обезбеди постојани полициски патроли за обезбедување на училиштата.
Владината прес-служба соопшти дека мерките и активностите кои Министерството за образование и наука веќе ги презема за справување со хибридните закани се надополнуваат со безбедносно јакнење на училиштата со кои се гарантира сигурноста и безбедноста на учениците и наставниот кадар во самите училишта, а детално ќе бидат образложени на директорите на училиштата во следните неколку денови, по што благовремено ќе бидат известени и родителите како и јавноста.
Подготвено од М.Н.