higienski proizvodi

30.03.2023 Скопје

Од 1 април дел од хигиенските производи ќе бидат со замрзнати и пониски цени за 13 отсто во однос на износот што го имале во трговијата на мало на 20 март годинава.

Во текот на вчерашниот ден, Владата одлучи да се замрзнат цените на тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни и хигиенските влошки, а утре или во недела ќе се знае кои видови на зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени.

Цените на белиот и полубелиот леб, на дел од млечните производи и тестенините веќе се замрзнати.

Влада најави дека вакви одлуки ќе се носат се додека има потреба од тоа.

Одлуката за хигиенските производи е донесена врз основа на анализите што ги направи Секторот за трговија при Министерството за економија и се земени предвид увозните цени од Царинската управа.

До 31 мај ќе важи одлуката, но може и да се продолжи.

Според Министерството за економија, најдобро решение е да се усвои Законот за намалување на ДДВ и со тоа ќе има системско и долгорочно решение во делот на основните прехранбени производи и хигиенските производи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author