https://www.freepik.com/free-photo/good-looking-woman-standing-front-vegetable-shelves-choosing-what-buy_11450434.htm#query=people%20in%20a%20supermarket&position=2&from_view=search&track=sph

28.03.2023 Скопје

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека подготвило и до Министерството за економија доставило анализа на цените за земјоделските производи, пред се на овошје и зеленчук.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посочува дека даваат поддршка за замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот, бидејќи, како што велат, таквото замрзнување во овој период нема да влијае на намалувањето на откупните цени за земјоделците.

„Согласно анализите, сакаме да напоменеме дека цената на пазарот е значително повисока од цената која што ја добива самиот производител и кај продажната цена голема улога има маржата поставена од откупувачите и трговците“, се наведува во соопштението на МЗШВ.

Од Министерството потенцираат дека врз основа на сите параметри, крајната одлука по ова прашање ја има Министерството за економија.

Подготвено од М.Н.

About Author