https://www.flickr.com/photos/27181654@N05/22749609013/in/photolist-AEiGba-B2ii1M-a6WyKx-6Zvg6s-2mK12xr-2n4b3Cx-8CP3Ph-2Vn4DU-6hH52a-4tBVJK-4izhT4-4wM72w-3wKxZf-4sFnUv-2jakLfB-6mCW5r-nvFxJ-dWP1hB-cpda4-pfYqe-b8sva-xGWZG-n868A-989Y2o-JR9tF-2kpTkWP-3XXbYa-CvZEhf-9jB3wz-9tkW3v-4TrSg-dHUSSQ-9jB3Dc-di2Eay-crCqfs-p44bpn-6PvxbX-25RXdi9-8nKCwT-6stTeQ-aERAyd-bkd1ZF-5xiE39-4wRXWH-VSvNwX-2jdALZT-74LAyn-3aebuH-8gc3K7-q33z9i

25.03.2023 Скопје

Според податоците на Државниот завод за статистика, целата потрошена електрична енергија од почеток на новата година е обезбедена од домашни извори, а 99,8 отсто од потрошениот јаглен е употребен за производство на струја.

Земјава во јануари годинава вкупно потрошила 709.217 мегават часови електрична енергија, 33,294 милиони нормални кубни метри природен гас, 564.355 тони јаглен и 105.213 тони нафтени продукти, стои во податоците на Државниот завод за статистика.

Подготвено од М.Н.

About Author