20.03.2023 Скопје
Денеска започнува изградбата на мега паркот во општина Чаир, кој ќе се наоѓа на улицата Mакедонскo – косовска бригада во населбата Топанско Поле.
Официјалниот почеток на изведбата на паркот ќе биде означен во 15 часот, а на настанот ќе присуствуваат градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, како и директорите на јавните претпријатија „Улици и патишта“ и на „Паркови и зеленило“ што ќе работат на изградба на паркот, кој ќе се изведува како меѓуопштинска соработка помеѓу Општината и Град Скопје.
Мега-паркот ќе се простира на површина од 30.000 метри квадратни и ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и цветни градини.
Истовремено, во паркот се предвидени два нови спортски терени, две детски игралишта, два парка за домашни миленици, една фитнес зона, 26 нови летниковци, нова урбана опрема, пешачки патеки и фонтани, соопштија од Општина Чаир.
Подготвено од М.Н.