30.03.2023 Скопје
Од 113 милијарди долари финансиска помош наменета за Украина, Вашингтон директно му врачува на Киев само околу 20 милијарди долари, изјави денеска шефот на комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, Мајкл Мекол.
„Приближно 60 одат за американските војници, американските работници и модернизацијата на американските резерви, а само 20 милијарди долари средства одат директно на украинската влада во форма на директна буџетска помош“, истакна Мекол.
Мекол посочи дека кога републиканците освоија мнозинство во Претставничкиот дом по среднорочните избори во ноември минатата година, тие јасно ставија до знаење дека одговорноста ќе биде клучна за континуираната помош за Украина.
Подготвено од М.Н.