28.03.2023 Скопје
Од 1 април патарината ќе се зголеми за 14 отсто, а за корисниците на електронска наплата (ЕНП) за осум отсто.
Патарината ќе се зголеми врз основа на Законот за надоместоци за користење на јавен имот, а врз основа на согласноста на Владата на Србија за изменетата одлука за висината на надоместокот за користење на јавен пат и патен објект (патарина).
Според таа одлука, од 1 април патарината на делницата Белград – Прешево ќе биде 1.690 динари за автомобили и комбиња (I категорија), од Белград до Димитровград 1.490 динари и од Прешево до Димитровград 1.180 динари.
Од Белград до Шид 480 динари, од Белград до Суботица 720 динари и од Белград до Чачак 530 динари.
Со гореспоменатата одлука е утврдено дека корисниците на ЕНП во припејд и постпејд систем добиваат шест отсто попуст на плаќањето на патарините.
За категоријата ИА (мотоцикли) од 1 април патарината на делницата Белград – Прешево ќе биде 840 динари, од Белград до Димитровград 750 динари, а од Прешево до Димитровград 590 динари.
Од Белград до Шид 240 динари, од Белград до Суботица 360 динари и од Белград до Чачак 270 динари.
За II категорија (автомобили и комбиња со приколки, пикап камиони) од 1 април на релација Белград – Прешево патарината ќе биде 2.530 динари, од Белград до Димитровград 2.240 динари, а од Прешево до Димитровград 1.760 динари.
Од Белград до Шид 730 динари, од Белград до Суботица 1.080 динари и од Белград до Чачак 800 динари.
За трета категорија (автобуси, камиони) од 1 април на делницата Белград – Прешево патарината ќе биде 5.070 динари, од Белград до Димитровград 4.480, а од Прешево до Димитровград 3.530 динари.
Од Белград до Шид 1.450 динари, од Белград до Суботица 2.160 динари и од Белград до Чачак 1.600 динари.
За IV категорија (автобуси и камиони со приколки) од 1 април, на потегот Белград – Прешево, патарината ќе биде 10.140 динари, од Белград до Димитровград 8.950, а од Прешево до Димитровград 7.050 динари.
Од Белград до Шид 2.910 динари, од Белград до Суботица 4.330 динари и од Белград до Чачак 3.200 динари.
Подготвено од А.Ѓ.