https://www.facebook.com/photo.php?fbid=770693957753224&set=pb.100044378801284.-2207520000.&type=3

30.03.2023 Скопје

Британскиот крал Чарлс Трети синоќа на свечената вечера во Берлин истакна дека Обединетото Кралство и Германија стојат покрај „Украина“ во одбрана на нејзината „слобода“ од руската агресија и дека ќе направат се што можат за да го зајакнат пријателството меѓу двете земји.

„Односите меѓу Германија и Обединетото Кралство се многу важни, и можам само да ви потврдам дека во текот на моето владеење ќе дадам се од себе за да ги зајакнам врските меѓу нас“, додаде Чарлс Трети на вечерата организирана за него во резиденцијата на германскиот претседател во Берлин.

Кралот, исто така, се заблагодари на Германија за прифаќањето на повеќе од еден милион бегалци од Украина, со што толку силно ја покажува дарежливоста на духот на германскиот народ.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој беше домаќин на вечерта во неговата резиденција во замокот Белви, во својот говор ја изрази и силата на англо-германското пријателство.

Ова е прва посета на кралот Чарлс Трети во странство. Како прва дестинација беше планирана Франција, но посетата беше одложена поради немирите кои изминативе денови ја потресоа оваа земја во која се одржуваат протести против пензиските реформи.

Подготвено од М.Н.

About Author