06.03.2023 Скопје
Невладините организации реагираат дека од 19-те главни препораки на УНЕСКО, само четири се спроведувани и тоа само делумно.
Извештајот на Министерството за култура кој е испратен до УНЕСКО за природното и културното наследство во Охридскиот регион, воопшто не кореспондира со состојбата на терен, реагираа организациите од Охрид, Струга и Поградец. Додаваат дека со извештајот само се прикриваат проблемите и, како што велат, „се става ѓубрето под тепих“.
Претставниците на невладините организаци велат дека не е прв пат да се презентира ваков извештај и главниот проблем е во тоа што државата нема комуникација со невладиниот сектор, иако тоа е предвидено според препораките на УНЕСКО
Подготвено од А.Ѓ.