10.03.2023 Скопје
Пратениците на ЕУ се согласија да ја зголемат амбицијата на директивата за енергетска ефикасност на блокот, со што заштедата на енергија од 11,7% до 2030 година ќе биде задолжителна во обид да се унапредат целите на блокот за климатска и енергетска независност.
Ревизијата на директивата за енергетска ефикасност на ЕУ беше најавена како дел од климатскиот пакет на блокот во 2021 година. Руската инвазија на Украина и последователната енергетска криза ја додадоа итноста на преговорите за политиката на која претходно имаше мало внимание од лидерите.
Преговорите меѓу парламентот и земјите од ЕУ се одолговлекуваа со месеци, а завршија со 16-часовна маратонска сесија на преговори.
Во срцето на договорот е целта од 11,7%, која наложува земјите од ЕУ да мора да ја намалат вкупната потрошувачка на енергија за околу 1,5% годишно.
Шефот на зелениот договор на Европската комисија, Франс Тимерманс истакна дека заштедата на енергија е клучен чекор за спас на планетата. Ова ќе го спроведува Комисијата, овластена со контролни права. Исто така, тој додаде дека сега е потребна енергетска ефикасност „за да станеме уште посистематски дел од нашето општество, а оваа ревидирана директива ни помага да го направиме тоа“.
Едно достигнување на новиот закон за енергетска ефикасност е создавањето официјална дефиниција за енергетска сиромаштија. Комесарот за енергија Кадри Симсон објасни дека новите одредби за зајакнување на потрошувачите и енергетската сиромаштија ќе обезбедат „нашата транзиција на чиста енергија да биде достапна за сите, вклучително и за најранливите“.
Енергетската криза го осветли недостигот на ЕУ за енергетска сиромаштија во целиот блок, зголемувајќи ја тешкотијата да им се помогне на оние кои не можат да си дозволат доволно да ги загреат своите домови.
Подготвено од А.Ѓ.