24.03.2023 Скопје
Извршено е усогласување на апликацијата „Мој ДДВ“, согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица.
Со измените се предвидува исплата на максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од оваа година, која што ќе се реализира во мај.
Од УЈП соопштија дека од воведувањето на оваа мерка до денес кај граѓаните се вратени близу шест милијарди денари.
Од Управата за јавни приходи информираат дека корисниците можат да ја преземат новата верзија на апликацијата од „Плејстор“, „Ејплстор“ или „Апгалери“.
Подготвено од М.Н.