13.03.2023 Скопје
Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ соопшти дека се регистрирани вкупно 43 случаи на морбили, а дека меѓу заболените има и 14 месечно дете од Белград.
Како што се наведува во соопштението, на територијата на Смедерево се регистрирани вкупно 38 случаи на морбили, а на територијата на Нови Сад два случаи.
На територијата на Белград се регистрирани три случаи на морбили, од кои последниот е потврден на 10 март кај 14 месечно дете. Претходно, морбили биле потврдени на 17 февруари кај четиримесечно дете, а на 18 февруари кај 21-годишно лице.
Од 11 јануари годинава мерките за епидемиолошки надзор на мали сипаници на територијата на Република Србија се заострени согласно Акцискиот план за елиминација на оваа болест во земјата (извештај за сомнеж, лабораториска дијагностика, изолација и третман на пациенти, здравствен надзор, епидемиолошки надзор, вакцинација на невакцинирани и нецелосно вакцинирани лица, вакцинација на осетливи лица од контакт во рок од 72 часа).
Подготвено од А.Ѓ.