grcijaaaaa

24.03.2023 Скопје

Локалните медиуми објавија дека вработените во метрото во Атина најавија нов штрајк за вторник, 28 март.

Синдикатот „СЕЛМА“, кој ги застапува работниците во метрото, рече дека штрајкот е „предупредување за да се сврти вниманието на безбедносните проблеми на железничката мрежа во Атина“.

„За нас железничарите, вистинско време е во согласност со барањата на француските работници и по трагичната несреќа во Темпи, да укажеме на последиците од политиката на приватизација, законите за пензиите и договорите за работа на штета на работниците, сиромаштијата и невработеност која сега и се заканува на целата планета“, се наведува во соопштението.

Синдикатот нагласува дека стои во солидарност со француските работници и луѓето кои излегоа на улица против „приватизацијата и пензиските реформи кои водат до сиромаштија и невработеност“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author