kalifornia nevreme

10.03.2023 Скопје

Американската национална метеоролошка служба (NWS) издаде предупредување за невреме од дожд, силен ветер и можни поплави во областите на северна и централна Калифорнија, областа на заливот Сан Франциско и Сакраменто, а врвот на невремето се очекува денеска.

Околу 26 милиони луѓе живеат во областите што ќе бидат погодени од дождовните бури, додаде Американската национална метеоролошка служба.

Ова е десетто невреме што ја погоди Калифорнија од Божиќ.

Експертите сметаат дека бурите во Калифорнија стануваат се почести и поинтензивни, а тие, како и периодите на долги суши во оваа американска држава, се резултат на климатските промени предизвикани од човекот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author