13.03.2023 Скопје
Аеродромите во Берлин, Бремен и Хамбург најавија дека денеска нема да има комерцијални летови од нивните писти поради штрајкот на синдикатот Ver.di поради платите.
Берлинскиот аеродром на својата веб-страница објави дека поради предупредувачки штрајк на работниците во контролниот сектор, нема да има комерцијални летови од аеродромот во Берлин, а може да дојде до прекини и при пристигнувањето.
Аеродромот во Хамбург, исто така, изјави дека пристигнувањата може да бидат одложени или откажани.
Од Бремен рекоа дека нема да има летови на нивниот аеродром.
Синдикатот Ver.di го повика персоналот за безбедност да штрајкува на аеродромот во Берлин поради спорот околу платата за ноќна работа, викенд и одмор.
Подготвено од А.Ѓ.