https://www.facebook.com/photo.php?fbid=505540654908688&set=pb.100063582736486.-2207520000..&type=3

29.03.2023 Скопје

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека нема да има одложување на уставните измени.

Премиерот конкретно не потенцираше кога ќе биде формирана комисијата која ќе работи на уставни измени, туку само повтори дека тимот за подготвка на уставните амандмани ќе биде формиран во Министерството за правда, како и дека во него ќе членуваат врвни експерти од областа уставното право и правото и претставници на политичките партии бидејќи, како што истакна, за овој процес е потребен широк политички и општествен консензус.

Во овој момент приоритет за Владата е вметнувањето на сите заедници кои живеат во Република Северна Македонија, вклучително и Бугарите.

Идејата на министерот за правда Кренар Лога да се отвори и прашањето за формулацијата „20 отсто“ во Уставот и нејзина замена со „албанскиот јазик“, вчера беше одбиена од премиерот Ковачевски, како и од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува непроменет дека овој парламентарен состав нема мандат за уставни измени, а премиерот Ковачевски им порача дека како опозициска партија време е да учествуваат барем во еден процес во државата којшто е стратешки.

Подготвено од М.Н.

About Author