07.03.2023 Скопје
Фудбалскиот клубот Париз Сен Жермен соопшти дека бразилскиот фудбалер Нејмар ќе мора да оди на операција поради повреда на лигаментите на скочниот зглоб и сигурно ќе ја заврши сезоната.
Според информациите, Нејмар во наредните денови ќе биде опериран во Доха и ќе отсуствува од три до четири месеци.
Во најдобар случај можеби би можел да биде подготвен за финалето од Лигата на шампионите на 10 јуни, доколку парижаните стигнат до мечот за трофејот.
Подготвено од А.Ѓ.