30.03.2023 Скопје
Новата студија, објавена во списанието „Sleep Medicine“, покажа дека помалку од осум часа сон во текот на ноќта може да придонесе лицето да има „пивски“ стомак.
Студијата открила врска помеѓу недостатокот на сон и салото на стомакот, опасната маст што се собира околу виталните органи и е поврзана со метаболички болести и отпорност на инсулин.
Се додава дека е неопходно да се спие седум или осум часа навечер, а истражувањата покажуваат дека недостатокот на сон од само еден час може да придонесе за зголемување на маснотиите за околу 12 грама висцерална маст, а осум часа сон го регулира ова.
„Должината на сонот е поврзана со акумулацијата на висцералните маснотии за време на зрелоста, а се чини дека нема корист од спиењето повеќе од осум часа“, изјави меѓународниот тим на научници кои работеа на студијата, но додаде дека се потребни дополнителни студии за ги потврди нивните тврдења.
Најновата студија опфатила 5.100 возрасни лица, на возраст од 18 до 59 години, кои биле дел од Националното истражување за исхрана на американската здравствена служба.
Подготвено од А.Ѓ.