21.03.2023 Скопје
Со проекција на романскиот филм „Радио Метроном“, в четврток (23 март) во 20:00 часот, Кинотеката на Република Северна Македонија ќе ја започне манифестацијата „Недела на франкофонски филм“.
Филмот е во режија на Александру Белк, а главните улоги ги толкуваат Мара Бугарин и Себан Лазаровици.
Настанот, кој е во рамките на месецот на франкофонијата, е во организација на: Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Романија и Романскиот културен институт, Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Белгија во Софија и Валони-Брисел интернационал, Амбасадата на Луксембург и Кинотеката на Република Северна Македонија.
Сите филмови се со превод на македонски јазик.
Подготвено од А.Ѓ.