06.03.2023 Скопје
НБА одлучи да го прогласи за неважечки трипл-даблот на кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокумба.
Двократниот МВП дојде до трипл-дабл во победата над Вашингтон, откако забележа скок по намерно промашување шут, на една секунда пред крајот на мечот.
Откако забележа скок во одбраната, го започна последниот напад, но бидејќи мечот веќе беше решен резултатски, сите застанаа.
Јанис, исто така, намали, но во последните секунди сепак стигна до кошот на Визардс, намерно промаши и ја фати топката за десеттиот скок на мечот.
Според новинарот Зек Лоу, според правилата на лигата, за да се смета за валиден удар, играчот мора да има намера да постигне кош. Затоа, ниту обидите за шут, ниту скоковите нема да бидат вклучени во официјалната статистика.
“Размислував да постигнам кош, но почувствував дека во такви ситуации најдобро е да се задржи топката. Но да, се трудам да играм паметно и на некој начин “украдов””, ја објасни оваа ситуација Адетокумбо.
Подготвено од А.Ѓ.