29.03.2023 Скопје
Брзината на полнење на батеријата наскоро ќе достигне ново ниво, а се очекува да се зголеми и капацитетот на батеријата кај телефоните.
Производителите почнаа да создаваат, а некои веќе планираат да имплементираат нови технологии за брзо полнење на батериите. Наскоро не чекаат полначи со моќност до 300W.
Во претстојниот период, компаниите OnePlus, Realme, Oppo и други треба да имплементираат брзо полнење на батеријата од 300W на своите телефони.
Покрај зголемувањето на брзината на полнење, очекуваме и поголем капацитет на батеријата. Така, многу производители ќе користат батерии од 5500 mAh наместо сегашните 5000 mAh.
Тоа е серијата OnePlus 12 која може да донесе брзина на полнење на батеријата од 300 W, што значи дека теоретски телефонот треба да се полни од нула до 100% за 10 минути или помалку.
Останува да видиме дали производителите ќе работат и на подобрување на времетраењето, односно на животниот век на батериите и нивните перформанси.
Подготвено од А.Ѓ.